Македонија

Од среда поевтинуваат повеќе од 50 прехранбени производи

18 Sep 2023

Повеќе од 50 прехранбени производи од 25 категории од среда до 30 ноември ќе имаат пониска цена за 10% на цената која ја имале на 1 август. Овие производи ќе носат ознака „гарантирана цена“ по која граѓаните ќе можат да ги препознаат во маркетите, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши рече дека оваа ознака ќе можат да ја добијат и производи од друг вид ако се пријават во Министерството за економија и ги намалат цените. На пример, пијалаци и производи за хигиена. 

 Одбележувањето „гарантирана цена“ ќе ја имаат цената од 1 август намалена за 10%. Секој граѓанин ќе може да ја види оваа ознака и ќе знае дека цената на производот е намалена и ќе биде иста до 30 ноември. На пример сите производи кои се нудат во маркетите како шпагети, ќе бидат со намалена цена и означени, кажа Бектеши.

Утре на владина седница ќе биде доставен списокот на производи ккои ќе имаат пониска цена.

Тој најави дека од среда инспекциските служби ќе бидат на терен заедно со членови на владата и ќе вршат контрола како се реализира одлуката на владата.

Акции со пониска цена од намалената со одлука на владата ќе бидат дозволени., но нема да се дозволи акција пред истек на рокот. Таквата акција ќе биде означена како намалување

Акцијата „гарантирана цена“ ќе трае до 30 ноември.

 

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...