Македонија

„Росман“ влегува во Македонија и во Црна Гора?

18 Sep 2023

Германскиот синџир дрогерии „Росман“ планира да ја прошири малопродажната мрежа на Балканот со влез на пазарите во Македонија и  во Црна Гора, пишува германски Wirtschaftsforum.de.

„Росман“ објави рекорден пораст на продажбата од 12,15 милијарди евра минатата година. Од компанијата најавуваат дека нејзиниот асортиман наскоро ќе биде достапен во Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска и во северниот дел на Италија. Преку партнерство и франшиза, синџирот дрогерии од неодамна е присутен и во Азербејџан.

Синџирот дрогерии „Росман“  е најстариот во Европа. Првата фабрика е отворена во Германија во 1972 година, а денес работи на повеќе од 4.500 локации низ Европа и вработува 60.000 работници. Пред неколку недели од компанијата објавија дека на данскиот пазар влегуваат без продавници за малопродажба, преку онлајн-каналот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...