Македонија

Почнува серијал од вински настани со дегустации

12 Sep 2023

Првиот вински настан Винопедиа ќе се одржи денеска од 12 до 22 часот во винскиот бар и ресторан The House во Скопје.

Целта на настанот, на кој гостите и винските ентузијасти ќе можат да дегустираат македонски вина од различни реколти и винарии, во комбинација со македонски млечни и сувомеснати производи, закуски и специјалитети, е да пошироката јавност се запознае со институциите и тимот што ја подготвуваат македонската винска енциклопедија Винопедиа.

Како што соопштуваат од Винопедиа, тоа е прв и единствен активен проект за создавање на македонска винска енциклопедија, кој е референтен извор на информации за винската индустрија и култура во Македонија и македонските територии на Балканот.

Винопедиа на едно место ги документира, архивира и промовира богатството на винската култура и традиција низ историјата на Македонија и македонската територија. Проектот обезбедува консолидација и унифицираност на архивски, археолошки и други достапни историски и актуелни информации со детален опис на различни аспекти на винската индустрија – од сорти на винова лоза до начини на одгледување, од различни производствени процеси до начини, традиции и адети за консумација на вино, вели Здравко Јосифовски од Винопедиа.

Вински дегустации и настани ќе се организираат секој вторник до крајот на годината.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...