Македонија

Синдикалната кошница во август изнесувала 49.345 денари

07 Sep 2023

Вредноста на синдикалната кошница во август годинава изнесува 49.345 денари, соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Како што се наведува од ССМ, иако инфлацијата се намалува од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена за разлика од претходниот месец за 725 денари.

Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава. Најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците за 1,9 отсто, оценуваат од ССМ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...