Македонија

Stobi Flips прославува 45 години

05 Sep 2023

Повеќе од 300 деца на вработени во „Витаминка“ го обележаа почетокот на новата школска година и роденденот на Stobi Flips во кругот на компанијата. 

Првиот Stobi Flips беше направен пред 45 години. Флипсот и денес е омилен на повеќе генерации, а особено на децата, како верен придружник низ школските години. Stobi Flips преку слоганот „Back to school“ го одбележува секој септември со различни мотивациски активности, со кои ги поттикнува учениците во потрага по нови знаења и жед за учење. За таа цел и овој септември за децата на возраст од 3 до 13 години организиравме едукативен, забавен и интерактивен настан со повеќе елементи, соопштуваат од „Витаминка“

На настанот беше изведена претставата „Изненадувања“ како иновативен и уникатен концепт на презентација и едукација, со музика од професионални музичари и актери на сцена. Дополнително, дворот на „Витаминка“ и местото на создавање на Stobi Flips беше место за попладневна забава, исполнето со аниматори на штули и пантомимичари, жонглерско  шоу, музика, игра и смеа.

Со овој настан сакавме да ги споиме моментите од секојдневието што се важни за нас и се инкорпорирани во нашата деловна стратегија, но и да помогнеме во зацврствување на семејните врски кај младите и нашите вработени, да го поттикнеме образованиот процес и да создаваме вистински вредности за тоа што е важно во животот, истакнуваат од „Витаминка“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...