Македонија

СКОПСКО постави пловни препреки на Сатеска и Даљан како дел од платформа за општествена одговорност

14 Aug 2023

Брендот СКОПСКО во рамки на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност“ постави пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Главна цел на платформата е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето.

Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на езерото со пловен и пакувачки отпад и со овие препреки директно се адресира тој проблем.

Благодарение на потрошувачите кои се вклучија во иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено шише со посебна етикета СКОПСКО и СКОПСКО Smooth, беа обезбедени средства за поставување на пловни препреки, акции за чистење на крајбрежјето и дното на Охридското Езеро и активности за подигнување на свесноста. Во фокусот на Скопско како бренд останува да ги инспирира луѓето да се обединат за подобра иднина, бидејќи заедно ја делиме одговорноста да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја, изјави Душан Митрев, генерален директор на „Пивара Скопје“.

Овој проект е во согласност со заложбите на „Пивара Скопје“ за одржливост и Свет без отпад до 2030 година, како и за намалување на ЦО2 емисиите на компанијата до 2040 година.

Пловните препреки на Сатеска и Даљан што ги поставија стручните тимови на „Пакомак“ ќе функционираат како физичка бариера која го сопира пловниот и пакувачки отпад за да не заврши во Охридското Езеро. Отпадот ќе се собира, селектира и рециклира што е еден од најлесно применливите модели од циркуларната економија кон која стремиме. Горди сме што сме дел од овој проект и што заедно со „Пивара Скопје“ во континуитет работиме на ефикасни решенија за одржливост и зелена иднина, изјави Ико Брдароски, Менаџер за развој на бизнис и комуникации во „Пакомак“.

Во досега реализираните активности се вклучија нуркачките клубови, волонтери, активисти од трите општини и многу заинтересирани граѓани кои заедно чистеа на повеќе локации во и околу езерото. Во изминатите неколку недели се организираа акции за чистење во Охрид, Струга и Дебрца и на трите локации беа собрани 200 кеси со отпад.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...