Македонија

За прв пат доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии

03 Aug 2023

Малите дестилерии за прв пат досега добиваат финансиска поддршка во форма на грант до 300.000 денари за модернизација на производството.

На јавниот повик на Министерството за земјоделство за поддршка на мали дестилерии, кој беше објавен во мај, аплицираа вкупно 18 баратели на финансиска поддршка. Од нив, шест баратели не ги исполниле условите, а 12 добиваат договор за грант за финансиската поддршка за набавка на опрема и ангажман на технолог за алкохолни пијалоци.

Право на учество на јавниот повик имаа земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС на МЗШВ и Електронскиот регистар во Царинската управа, како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како мали независни производители на етилалкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии, во согласност со Правилникот за начинот на даночење со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Вкупната сума за 12 добитници на грант е 3.494.592,00 денари кои ќе се користат за инвестиции во опрема и основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки пијалоци.

Најголемата поволност од ваквиот договор, освен што средставта се неповратни, е тоа што корисниците ќе добијат аванасна исплата на средствата, веднаш по потпишување на договорот. А потоа во рок од 45 дена тие треба да ја набават опремата за производство на жестоки алкохолни пијалаци и/или да ангажираат стручно лице (технолог за производство на жестоки алкохолни пијалаци), согласно роковите утврдени во деловните планови и договорот. На овој начин, ние им помагаме да набават опрема без да се задолжуваат со кредити и да плаќаат камати. Напротив, со ваквата подрршка ние им помагаме да растат, да го зголемуваат производството, да станат конкурентни, а тие потоа придонесуваат да се полни буџетот на државата преку плаќање на даноците со што сме го запазиле тој партнерски однос и сме си помогнале едни на други, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Потврда за ова се и бројките кои бележат тренд на раст. Заклучно со 30.11.2022 год во регистрите на Царинска Управа се регистрирани вкупно 27 дестилерии од кои 19 во Електронскиот регистар во царинската управа како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, додека 8 се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии. Заклучно со 30.06.2023 год во регистрите на Царинска Управа се регистрирани вкупно 32 дестилерии од кои 24 во Електронскиот регистар во царинската управа како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, додека 8 се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии.

Најголем број на добитниците на договори за финансиска поддршка за мали дестилерии се од Кавадарци и Неготино, а останатите се од Скопје, Охрид, Ресен Струга, Велес и Куманово.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...