Македонија

Приватно здравствено осигурување за вработените во „Лакталис МК“

21 Jul 2023

„Лакталис МК“ ги осигура сите свои вработени со дополнително приватно здравствено осигурување, во соработка со „Еуролинк осигурување“. 

Здравјето и сигурноста на вработените се императив за нашата компанија. Настојуваме континуирано да ги подобруваме условите за вработените, а полесниот пристап до квалитетни здравствени услуги се од особено значење за нас, бидејќи, здравјето на вработените е на прво место, изјави Ванчо Постоловски, генерален директор на „Лакталис МК“. 

Преку приватното здравствено осигурување компанијата ќе им овозможи на вработените полесен пристап до медицинските услуги кои вклучуваат здравствени прегледи, но го покриваат и болничкото лекување во случај на хоспитализација во сите приватни и државни болници на територијата на нашата држава, надомест на трошоците за амбулантно лекување, покривање на трошоци за бременост и породување, специјалистички прегледи и дијагностички постапки во приватните здравствени установи, домашна нега, физикална терапија, психолошка и психијатриска помош и лекување, надомест на трошоците за лекови препишани од лекар надвор од болничките третмани како и надомест на трошоците за стоматолошки услуги или интервенции.

Овозможувањето на овие погодности е дел од напорите на „Лакталис МК“, како дел од најголемата млечна индустрија во светот, преку позитивна корпоративна пракса, да придонесе за подобрување на добросостојбата и задоволството на своите вработени, соопштија од компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...