Нова Национална програма за достоинствена работа за периодот 2023-2025 година ќе биде потпишана денеска во Скопје од претставници на институции и организации на работници и работодавачи.
Документот ќе го потпишат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Маркус Пилграм, директор на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа и претставници на Сојузот на синдикати на Македонија, Организацијата на работодавачи на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ) и Унијата на Независни и Автономни Синдикати на Македонија (УНАСМ).
На настанот, што ќе се одржи во зградата на ССМ, поздравно обраќање ќе има Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во земјава, а ќе се обратат и претставници на институциите и организациите потписнички на Програмата.
Целта на Национална програма за достоинствена работа е креирање работни места, проширување на социјалната заштита, гарантирање на правата на работа и унапредување на социјалниот дијалог.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.