Македонија

ИНСТАТ: Пораст на извозот на албански производи во Македонија

29 Jun 2023

Според официјалните податоци на Институтот за статистика во Албанија, ИНСТАТ, во првите пет месеци од годинава извозот од Албанија во Северна Македонија се зголемил за речиси 15, 7 милиони евра, споредено со истиот период минатата година.

Во периодот од јануари до мај, во Северна Македонија се извезени стоки во вредност од 82,2 милиони евра.

Од друга страна, во анализираниот период е забележан пад увозот на македонски производи во Албанија и тоа за 7,5 милиони евра.

Најизвезувани производи и понатаму се свежите производи: домати, краставици, свежа риба, свежо цитрусно овошје, производи од тесто итн.

Албанија и Северна Македонија тесно соработуваат во рамките на спроведувањето на договорот ЦЕФТА 2006 година и од 2011 година трговијата меѓу двете земји е либерализирана и работи без царински давачки.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...