Македонија

Доделени 7 договори за вински промотори

28 Jun 2023

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ги додели седумте договори за ангажирање на вински промотори. Задача на винските промотори ќе биде домашна и меѓународна промоција на над 120 македонски винарници, преку социјалните мрежи.

Критериумите по кои учествуваа аплилантите се: да бидат познавачи на виното и винската култура, кои имаат најмалку 10.000 следбеници на личните профили на социјалните мрежи и имаат најмалку две години искуство во промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи. Потоа предлог план на активностите со временска рамка и методологија за реализација на предлог активностите за период од најмалку шест месеци. Апликантите потребно е да имаат согласност за промоција на вино и производи од винско грозје на социјалните мрежи од најмалку десет корисници, со склучен договор за дело направен со правен субјект регистриран за услуги од областа на авторското право и индустриската сопственост како доказ.

Како министерство вложуваме многу во промоција на македонското вино, преку поддршка за учество на реномирани меѓународни саеми, а сега со оваа нова поддршка за вински промотери дополнително даваме придонес во промоцијата на нашите винарии и нашето македонско вино. Континуирната поддршка за овој сектор придонесе да имаме стабилно производство на грозје, пораст во производството на вино, но и пораст на извозот на флаширано вино. Нашата искрена намера како министерство да го развиеме винскиот сектор ја потврдуваме и со новиот закон за вино, но и со подготовката, за прв пат, на десет годишна стратегија за развој на секторот вино и на лозарството во нашата држава, изјави Николовски. 

Според него, главната стратешка цел на оваа десетгодишна стартегија е зајакнување на конкуретноста на македонската винска индустрија во делот на лозарството и винарството, со цел искористување на целосниот потенцијал на индустријата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...