Македонија

dm ја отвори реновираната дрогерија на Бит-пазар

15 Jun 2023

Со големи попусти и забавна атмосфера, „dm дрогерие маркт“ денеска ја отвори својата уште поубава, реновирана дрогерија на булевар „Крсте Мисирков“ бр. 61 на Бит - пазар во Скопје. Со ова, dm покажа дека е компанија која секогаш се труди на своите купувачи да им обезбеди најпријатна атмосфера и услови за пазарување, соопшти трговецот. 

Дрогеријата на dm на Бит - пазар, која се отвори во 2013 година по десетгодишното работење, на почетокот на месец мај беше затворена заради реновирање. По повеќе од еден месец, купувачите повторно ќе можат да пазаруваат во оваа дрогерија, дел од најголемиот дрогериски синџир во Европа. 

Старо - новата реновирана дрогерија се простира на 237 квадратни метри продажен простор, 70 квадратни метри магацински простор и 22 квадратни метри  помошен простор. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија.

Отворањето беше проследено со 15% попуст на сите производи, а добрата забава и хуманитарната активност не беа изоставени и овој пат. Како општествено-одговорна компанија, во чии работни принципи длабоко е вкоренета општествената одговорност и која помага во средината во која делува, по повод реотворањето на својата дрогерија на Бит-пазар dm донираше 127.000 денари за набавка на четири лабораториски светлосни микроскопи за ,,ЈЗУ Поликлиника Бит-пазар‘‘

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...