Македонија

dm донираше бебешки креветчиња во болницата во Гостивар

05 Jun 2023

Со донација на повеќе од 300 илјади денари дрогеријата „dm дрогерие маркт“ го одбележа 1 јуни, меѓународниот ден на децата. Оваа донација, најголемиот европски дрогериски ланец ја реализираше со донирање на бебешки креветчиња за ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.

На денот на отворањето на реновираното детско одделение, со оваа донација компанијата учествуваше во обезбедување на сите потребни креветчиња, а целта е да овозможи посоодветни услови на најмалите членови на општеството во нивниот ран развој.

Иако секој ден им го посветуваме на децата, Меѓународниот ден на децата е одличен повод да се присетиме на тоа дека секое дете го заслужува најдоброто. Особено сме среќни за оваа донација, која ни покажува дека сме на вистинскиот пат да создадеме што подобри услови за нашите најмалечки. Сакаме да веруваме дека на овој начин сме значаен дел од еден период во животот на децата и придонесуваме да израснат во среќни, задоволни луѓе подготвени да градат светла и убава иднина за сите нас. Нашата цел е да продолжиме да ги слушаме потребите на заедницата со желба да даваме придонес преку различни проекти и значајни донации, соопштија од компанијата.

Во изминатата деловна година, dm донираше повеќе од 5,3 милиони денари во општествено одговорни цели. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...