Македонија

Нови правила за членство на Македонска берза

26 May 2023

Од 1 јуни годинава ќе почнат да се применуваат правилата за членство на Македонска берза, одобрени со Решение од 11.05.2023 година на Комисијата за хартии од вредност, соопштуваат од Берзата.

Како што е неведено, донесувањето на новите правила за членство на Берзата е направено за модернизација на постојните правила и нивно усогласување со законските и подзаконските акти што се донесени или променети во меѓувреме.

Освен усогласувањето со (под)законските акти, позначајните измени во новите правила воведуваат и одредени новини во насока на помали модификации на условите и потребната документација за прием во членство во Берзата, правата и обврските на членките и соодветна имплемантација на одредби од областа на заштита на лични податоци.

Поголема новина е делот од правилата за членство во врска со едукацијата на брокерите, односно подеталното уредување на проблематиката на организирање обуки и едукативни настани од страна на Берзата. Новите правила за членство се објавени на веб-страницата на Македонска берза.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...