Македонија

Grand почнува нова кампања – И домашен мирис и домашен вкус

23 мај 2023

Во „Атлантик Гранд“ во Скопје денеска беше организиран отворен ден, во кој претставници од домашните медиуми имаа можност да се запознаат со современата фабрика каде што се произведува кафето Grand.

Присутните се запознаа со производствената палета на фабриката, дознаа повеќе за производите, а имаа можност и да го проследат целиот процес на производство на кафето Grand. Посетата на фабриката се состоеше од обиколка и презентација на иновативните технологии што се употребуваат во производството и процесите низ кои поминува кафето.

Среќни сме што имаме можност да бидеме домаќини на гости од медиумскиот свет и подобро да ги запознаеме со светот на кафето, а особено со Grand, кое веќе со години се произведува тука во Скопје и со својот мирис и вкус секое утро ги буди жителите на Северна Македонија, изјави Светлана Станкова од „Атлантик Гранд“.

Во модерниот и современ погон во Скопје се произведуваат 29 различни производи. Како што истакнуваат од компанијата, најквалитетното сурово кафе од типот арабика и робуста се носи тука директно од најдобрите плантажи за кафе во Бразил, Колумбија, Хондурас, Виетнам или Гватемала. Имплементиран е и HACCP-систем за безбедност на храната, а производството се одвива според строгиот стандард ISO-9001. „Атлантик Гранд“ има воведено и други најстроги стандарди за безбедност на храната, како што е IFS, потоа стандардот за заштита на животната средина 140001 и стандардот за енергетска ефикасност ISO-50001.

Со денешниот настан Grand ја почна кампањата под наслов „И домашен мирис и домашен вкус“. Во рамките на кампањата ќе бидат организирани три Grand каравани пред три трговски центри во Скопје, на кои ќе бидат подготвени многу интересни содржини за потрошувачите, а најсреќните ќе имаат можност да отидат на специјална тура во фабриката во Скопје. Термините за караваните се: 3 јуни (Капитол мол), 10 јуни (Ист гејт мол), 17 јуни („Скопје сити мол“) од 11 часот.

Gallery: Grand



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...