MАМА’С ja освои златната награда „Софи™“ (Sofi™ Award) во категоријата Салса и Дип на Specialty Food Association, за производот MAMA’S Ајвар лут, соопштија од компанијата. Specialty Food Association е здружение за специјализирана храна, познато како златен стандард за извонредност во специјализираната прехранбена индустрија.
Секоја година во Њујорк се одржува Summer Fancy Food Show каде брендовите од целиот свет ги презентираат своите производи кои ја воздигнуваат уметноста на гастрономијата.
Го цениме признанието што доаѓа со „Софи™“ наградата и се надеваме дека тоа ќе биде мотивација повеќе за нашиот тим, да продолжиме со потрагата по извонредност и да работиме напорно за да иновираме нови производи на пазарот. Нашиот успех го должиме на поветениот тим и партнерите на МАМА’С низ светот, кој неуморно работат на создавање и позиционирање на производи што ги надминуваат очекувањата на купувачите. Љубителите на нашите производи кои станаа дел од семејството MАМА’С, исто така одиграа главна улога во ова достигнување. Нивната поддршка, лојалност и критики ни помогнаа да ги усовршиме нашите производи и постојано да се подобруваме, изјави Кристијан Балески, бренд-менаџер на MАМА’С бренд.
Наградата „Софи™“ е значајно достигнување за секој бренд и се смета за една од најпрестижните награди во прехранбената индустрија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.