Македонија

„КАМ маркет“ – најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата маркети

04 May 2023

КАМ е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата маркети на првите награди за најдобри работодавачи во организација на веб-страницата за пребарување работни места Vrabotuvanje.com.

Наградите беа доделени врз основа на три критериуми – број на посети на огласите и објавите на „Вработување“, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно истражување спроведено од организаторот.

Сите признанија ни се драги, но особено сме благодарни за оваа награда, бидејќи се однесува на сегмент што нам како компанија ни е особено важен, а тоа се вработените и нивното задоволство. Воедно, ова е и поттик да продолжиме со унапредување на условите и грижата за вработените. КАМ е едно големо семејство и секој член во него е важен, и тие што се долги години со нас, и оние што допрва ќе ни се придружат, соопштија од КАМ.

Од таму велат дека освен што КАМ има највисок просек на плати во категорија маркети, компанијата континуирано, без оглед на моменталните економски услови, е доследна на сопствената политика за грижа и развој на човечкиот капитал. Покрај континуираното зголемување на платите и бенефициите на вработените, КАМ за своите вработени обезбедува и исплата на регрес кој за минатата година изнесуваше 33.000 денари. Листата на бенефиции за вработените постојано се дополнува и вклучува слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Велигден, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“ итн. Исто така, Центарот за обука на КАМ реализира програми за вработените за стручно надградување и прилагодување на развојните потреби на компанијата. Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси има и проектот за поддршка на дуалното средно образование, во чии рамки се склучени договори за соработка со 8 средни училишта и педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси на компанијата, стои во соопштението. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...