Проверени се 20 фирми и речиси сите ќе бидат казнети од 800 до 10.000 евра, затоа што имале доволно залихи на овошје и зеленчук.
Во акцијата на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Финансовата полиција во петокот се проверени 20 фирми и речиси сите ќе бидат казнети, затоа што имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрибуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следуваат казни од 800 до 10.000 евра.
Двајца на Кванташки пазар се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот што треба да покажат дали и како се лажирале увозните цени за да се избегнат царинските давачки. Истрагата и контролите ќе продолжат, изјави за „Сител“ Гoран Трајковски, директор на Државниот пазарен инспекторат.
Тој вели дека надлежните институции од фирмите ги имат земено сите потребни документи и дека проверката ќе продолжи.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.