Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) изврши повеќе од 300 надзори и издадени се прекршочни платни налози за трговци во вредност од 960.000 денари. Ова следува по владината одлука за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и обврската за трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на стоки, информира директорот на ДПИ, Горан Трајковски.
Во периодот од 27 февруари до 5 март извршени се над 750 надзори во цела држава и издадени се повеќе од 65 прекршочни платни налози со вредност од над 3 милиони денари.
Со одлуката на Владата од 2 март се определува обврска за трговците што претставуваат правни и физички лица, кои се регистрирани за вршење трговска дејност во соодветен регистар согласно закон, како и трговците што претставуваат правни и физички лица регистрирани за вршење производство, кои своите производи ги продаваат на пазарот во сопствени продавници или на други трговци на големо и мало со прехранбени производи, да прибавуваат и/или да продаваат леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.