Македонија

Над 960 илјади денари казна за 6 компании - не ја почитувале одлуката за замрзнатата цена на лебот

06 Mar 2023

Шест компании добија казни од над 960 илјади денари, бидејќи не ја почитувале одлуката за замрзната цена на лебот, соопшти Државниот пазарн инспекторат.

Во саботата, кога во трговијата требаше повторно да се носи бел и полубел леб од 33 денари, биле извршени над 250 надзори и контроли на територија на цела Македонија. Утврдено е дека поголем број од трговците ги почитуваат одлуките на Владата.

Леб се продава од 28 до 33 денари, зависно од грамажата и градот во кој се вршени надзорите и контролите, a трговците на големо и мало со прехранбени производи, генерално ја почитуваат обврската да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот опфатен со Одлуката на Владата, во количина од најмалку 80 отсто од производството на овој леб во месец декември 2022 година. Онаму каде се констатирани прекршувања издадени се вкупно 6 прекршочни платни налози и тоа во висина од над 960.000 денари , велат од ДПИ, од каде најавија дека и натаму ќе има интензивни контроли.

Инспекторите апелираат трговците да ја адаптираат цената и доставата на лебот во согласност со одлуките, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казни кои се многу високи, и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината на економскиот субјект. 

Откако Владата ја замрзна цената на основните лебови на 33 денари, инспекторите казнија една кумановска и три скопски фирми, затоа што продаваа леб по повисока цена од пропишаната. Казните се над 30 илјади денари, а извршени беа контроли во сите градови во државата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...