Трговската компанија „Жито“ свечено го отвори стопанскиот комплекс, кој официјално станува нов дом на групацијата сестрински компании поврзани со овој малопродажен синџир.
Админстративно-деловната зграда е лоцирана во непосредба близина на Велес, а во неа ќе работат стотина вработени од „Жито“ и од партнерските компании и брендови. Освен малопродажбата, во фокусот на деловното работење се и генерирањето, производството и промоцијатата на сопствените, но и на други приватни брендови.
Како што соопштуваат од „Жито“, објектот е со површина од околу 4.200 квадратни метри, а е проектиран и граден според највисоките стандарди за згради од ваков тип и е целосно енергетско-ефикасен.
Генералната идеја беше на едно место да се интегрираат сите сестрински компании, брендови и сите меѓусебни процеси. Интерграцијата не е само од организациски, просторен, работен или од финансиски аспект, туку и со цел да се креира што е можно подобра работна инфраструктура, опрема и можности за сите што ќе работат тука, вели Далибор Ѓошевски, сопственик на „Жито“.
Одговорните од компанијата појаснуваат дека освен дневната работна рутина, вработените во новиот обејкт ќе имаат можност дел од времето да го поминуваат во специјален простор за релаксација во текот на работното време. По примерот на големите светски компании, во комплексот се уредени и комплетна кујна и ресторан за вработените.
Кујната и ресторанот се дополнителна вредност на целиот објект. Тука секојдневно ќе се хранат вработените, со однапред дефинирани менија по избор, почитувајќи ги диететските преференци на секој вработен, велат од „Жито“.
Новиот комплекс има голем магацински простор на два ката, со вкупна површина од 3.000 квадратни метри, има 10 електрични порти/влеза за товар и истовар на стока и е опремен со современи рафтови и друга врвна опрема. Дванаесетте разладни комори се на вкупна површина од 1.800 квадратни метри, со 4 лифтови. Комплексот може да биде целосно независен од електричната мрежа на подолг период, бидејќи располага со самостоен агрегат од 55 KW.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.