Македонија

Се зголемува данокот за егзотичната храна - ајкулски перки, месо од делфин,тартуфи....

02 дек 2022

Како дел од даночната реформа што ќе следува следниот период со законски измени ќе се укине повластената даночна стапка од 5 отсто за ДДВ на егзотичната храна, најави Фатмир Бесими, министер за финансии 

Како што најави министерот, ни самиот не бил свесен дека во повластената стапка нема само производи како шеќер, брашно и ориз, туку има и луксузни производи како „морски кучиња и морски мачки“.

Најавено е укинување на повластената даночна стапка за неколку категории кои порано имале одредена цел за одреден временски период, но сега се создаваат дисторзии. Се работи за стеснување на листата на луксузни прехрамбени производи. Видовме што се има внатре за 5 отсто, за ајкулски перки, месо од делфин, кит, тартуфи, егзотични производи, морски кучиња и морски мачки, набројуваше Бесими.

Според министерот, ако граѓаните за оваа храна може да платат многу повисоки сметки од обичната, тогаш може да платат и поголем данок. Ако можепш да платиш за акулски перки од атлантски океан, може да платиш и поголем данок. Така е и за хималајската сол и маслиново масло со додатоци. Ако можат да платат три пати поголема цена од обичното масло, тогаш наместо данок 5 отсто, да платат 10 проценти, кажа Бесими.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...