Македонија

Десет години успешно работење: dm со двоцифрен раст на прометот

10 Nov 2022

Компанијата dm drogerie markt во изминатата деловна 2021/22 година во Македонија оствари промет од 1,79 милијарди денари, со што забележа раст од 27,7% во однос на претходната година. Со ова компанијата ја одбележа јубилејната 10 година работење на македонскиот пазар, со зголемување на фреквенцијата на своите купувачи за 24,5%. Компанијата го прослави јубилејот и со рекордна сума на општествено одговорни донации од повеќе од 5,3 милиони денари. 

Компанијата, во својата јубилејна 10 година на пазарот, со отворање на две нови дрогерии во Скопје и во Струга ја прошири својата продажна мрежа на 22 дрогерии во 10 градови.

Со цел да им овозможи на своите купувачи уште попријатно искуство во пазарувањето, компанијата инвестираше и во модернизација на неколку постоечки продажни објекти. Повеќе од 70 милиони денари беа инвестирани во отворање нови и реновирање на продажни објекти.

На ниво на целата dm групација во сите 14 земји (Германија, Австрија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Романија, Бугарија, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) dm оствари раст на прометот од 10,7% во однос на претходната година, односно вкупен промет од 13,581 милијарди евра, ја прошири продажната мрежа на 3.945 дрогерии, а бројот на вработените во целиот концерн надмина 71.620.

Во изминатата деловна година остваривме промет од 1,79 милијарди денари со раст од 27,7% во однос на претходната година, што е потврда за нашиот успех, но и за нашата посветеност кон заедница и нашите купувачи. dm е дел од најуспешните компании на македонскиот пазар, а во прилог на тоа говори и извонредниот двоцифрен раст кој го остваруваме деветта година во континуитет. Како компанија чија централна вредност е човекот, и оваа година се обидовме да ја оправдаме довербата на нашите купувачи, но и да се грижиме и да ги развиваме нашите најважни ресурси – нашите вработени. Продолжуваме заедно да растеме и напредуваме, подготвувајќи се за нови предизвици и проекти во годината што претстои. Ќе продолжиме да го надминуваме она што бевме вчера за да бидеме пример за добра практика за другите, притоа создавајќи поповолна социјална и деловна клима, изјави Весна Стојановиќ, директорка на dm за Македонија и за Србија.

Со понуда на повеќе од 4.700 производи, dm е и најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар, како што се Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и многу други.

Одговорниот ангажман кон заедницата во изминатата деловна година беше крунисан со лансирањето на новиот еколошки проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“ во чии рамки компанијата, во соработка со своите институционални партнери, ќе засади 27.000 нови стебла, односно нови 10 хектари зелена површина.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...