Македонија

„Макпрогрес“ со ROCKY во хуманитарна кампања за СОС Детско село

28 Oct 2022

„Макпрогрес“ со брендот ROCKY почна хуманитарна кампања преку која со секој купен производ назначен во кампањата ќе се донира во СОС Детско село.

Како семејство се приспособуваме на променливата општествена и економска состојба и затоа традиционално креираме кампањи кои ќе ги сплотат производителите и купувачите за да заеднички ги поддржиме во работата СОС Детско село. Ги повикуваме сите потрошувачи да бидат дел од оваа кампања и заеднички да ја поддржиме мисијата на СОС Детско село – топол дом и грижа за секое дете, и да растеме заедно со палетата на производи на ROCKY, соопштија од компанијата.

Производите ROCKY со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места во секој град.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...