Македонија

Реновиран „Жито“ во Ново Лисиче

20 Oct 2022

За неполн месец, малопродажниот синџир „Жито“ ги отвори вратите на четири реновирани маркети. Последен во низата е маркетот лоциран на булеварот Видое Смилевски Бато бр. 1, во скопската населба Ново Лисиче.

Претходно беа реновирани и маркетите на Филип Филиповиќ, број 2А (Железара), Бутелска, бр. 29Б (Бутел) и на Кузман Шапкарев, бр. 16 (Ѓорче Петров) – сите во Скопје.

Како и во претходните реновирани маркети, во продавницата во Ново Личиче може да се најде зголемен асортиман од различни категории производи, вклучително и приватната трговска марка 5ка. Маркетот располага и со оддел за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува од доставувачот Fruit Land.

Продавницата е со вкупна површина од околу 650 квадратни метри, има сопствен магацински простор и три наплатни каси. За услугата се задолжени 20-ина вработени, а работното време е од 7:30 до 21:30 часот, од понеделник до сабота.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...