„Слога пром“ свечено, во присуство на своите вработени, го отвори тенискиот клуб „Слога“. Воедно, како дел од клубот беше промовирано и тениското игралиште лоцирано во кругот на самата компанија.
Тениското игралиште е придонес од компанијата „Слога пром“ и е наменето за вработените, за децата на вработените, а ќе биде достапно и отворено и за младите од Кавадарци и околината кои сакаат да тренираат тенис. Според компанијата, целта на создавањето на овој клуб и игралиштето е да се поттикнат и мотивираат вработените и нивните семејства на физичка активност,тимска работа и тимски дух.
Создавањето на овој тениски клуб и игралиштето започна како идеја да им овозможиме на вработените место за рекреација и релаксирање. Во текот на реализацијата, гледајќи колку недостигаат вакви центри и колку е неопходно да се промовираат спортските и физичките активности меѓу сите генерации, ги проширивме намената и целта, така што денеска сме горди што го направивме ова игралиште и создадовме место, каде освен вработените и сите граѓани на Кавадарци, а посебно децата, ќе може да се рекреираат, натпреваруваат и спортуваат и со тоа да се развијат во среќни и здрави возрасни луѓе. Веруваме дека на ваков начин, со создавање на спортско рекреативни капацитети, можеме многу да придонесеме за здравиот начин на живот кај сите нас. Ова е исполнување на една општо корисна иницијатива и е дел од нашата, компаниска општествено одговорна цел и мисија, да создадеме здрава и пријатна работна атмосфера за нашите вработени и да придонесуваме за заедницата, за подобрување на состојбите и поголема грижа за граѓаните, изјави Ласко Јованов, генерален менаџер и косопственик на „Слога прoм“ на свеченото во отворање на тенискиот клуб.
Игралиштето е со димензии 37х18m и е целосно направено според стандардите на АТП. Единствено е во Македонија со подлога вештачка трева super soft. Како дел од активностите на тенискиот клуб „Слога“ и за исполнување на целта во популаризација на спортската култура и тенисот како сеопфатна спортска активност, ќе воспостави соработка со локални тениски тренери а во догледно време ќе се организираат и турнири и натпреварувања.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.