Kомпанијата за дистрибуција на стоки за широка потрошувачка „Даути - Комерц“ синоќа ја одбележа 30 - годишнината од основањето, со свеченост за соработниците, вработените, државниот врв и бројни гости.
Основан пред 30 години во селото Бојане, „ Даути - Комерц“, денес е моќен бизнис коангломерат, присутен во четири балкански земји, со над 800 вработени, со добавувачи од 82 земји во светот и меѓу 50 - те најмоќни компании во Македонија. „Даути Комерц“ денес има софистицирани дистрибутивни центри во Сарај, Скопје, со простор од над 22.000 метри квадратни, во Тетово со 3.000 метри квадратни, во Струга со 1.500 метри квадратни, во Драч(Албанија) со 3.000 метри квадратни,во Феризај(Косово) со 15.000 метри квадратни и во Подгорица(Црна Гора) со 5.000 метри квадратни.Сестринската компанија „Даути транспорт - Шпед“, лоцирана во Македонија и Албанија, располага со возен парк од 60 камиони и 11 канцеларии за шпедиција.
Сите овие дистрибутивни центри работат со современи меѓународни стандарди (ISO, HACCP, HALAL,итн.) и со најсовремена техника за унапредување, следење, складирање и транспортирање на стоки со широка потрошувачка, со единствена цел, да нема доцнења во синџирот на снабдување на клиентите.
Седиштето на целиот коангломерат се наоѓа во Сарај,Скопје, со административен простор од 4.500 метри квадратни.
Стратегијата за покривање на целиот пазар со сите производи веќе подолго време ја спроведува менаџментот на „Даути - Комерци“. За таа цел, компанијата e организирана да овозможи корпоративно управување во согласност со нејзината стратегија и потребите на пазарот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.