Македонија

„Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Романија

07 Sep 2022

По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата.

Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на брендот Алкалоид и со цел зајакнување на постојните извозни позиции, особено на пазарите во Европската Унија.

Од компанијата истакнуваат дека потребата да се отвори нов правен субјект е поради тоа што повеќе од 65% од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз и од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Ова е седми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија.

„Алкалоид“ е присутен во Романија преку палетата на фармацевтски производи, како и преку програмата за хемодијализа, која вклучува неколку групи производи. Реализираните продажби за 2021 година на пазарот во Романија изнесуваа 212,5 милиони денари, а во првата половина од 2022 година компанијата забележа пораст од 140 % на овој пазар, споредено со истиот период од минатата година.

Со ваквиот потег „Алкалоид“ продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба – развој во деловните контури на извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција, стои во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...