Црвен крст е организација што постои за да помогне таму каде што е најпотребно и тоа го прави успешно веќе долги години. Притоа, во ова има помош од општествено одговорни компании што помагаат со донации.
Во изминатите неколку години Црвен крст успешно ја реализира целта со огромна помош и редовни донации од „Жито лукс“.
Живееме во време кога на многу луѓе и семејства им е потребна помош за основни услови за живот, пред сѐ, за прехранбени производи, што е особено изразено после пандемијата и во време на актуелната криза. Сè повеќе семејства тешко се справуваат со предизвиците на денешницата, а наша морална обврска е да им помогнеме, за што секогаш се тука и „Жито лукс“, велат од Црвен Крст.
Оваа година „Жито лукс“ помогна во реализација на летниот камп „Сите сме исти 3“ во Ливадиште, Струга, преку кој се поддржува воспитно-образовниот процес, се подобрува социјализацијата на децата и младите со попреченост, децата од социјално-загрозени семејства, децата со општи и специфични тешкотии во учењето и децата од еднородителски семејства.
Во јули компанијата беше дел и од организацијата на едукативниот камп за млади „Комуникациски вештини, тим и тимско работење“ во Охрид, кој имаше цел да регрутира волонтери што во иднина би помагале на хуманитарните пунктови и би биле ангажирани во активностите на Црвен крст.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.