Македонија

Македонија е 29. најголем извозник на вино во светот

29 Aug 2022

Македонија е 29. најголем извозник на вина во светот и втор извозник во регионот, со вкупен извоз во вредност од 61,4 милиони долари, покажува минатогодишното рангирање Worldstopexports.

Според податоците од Државниот завод за статистика, македонските вина најмногу се извезуваат во земјите од регионот, но има успешни обиди за извоз на вино и во Западна Европа и во Кина. Најголем извоз на вино веќе со години има во Србија. Минатата година во Србија биле продадени македонски вина во вредност од 14,8 милиони долари.

Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, годинава од 1 до 4 септември ќе се одржи и Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Македонија ќе се претстави со слоганот „Вкуси го животот“. Од  земјава ќе учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни видови македонски вина и ракии. Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии. Освен тоа, ќе учествуваат и 10-ина производители на храна, кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...