Општинската организација на Црвениот крст на Гази Баба реализира камп за млади волонтери, во чија што организација се вклучи и „Жито лукс“ со донација на производи.
Кампот за млади, на тема „Комуникациски вештини, тим и тимско работење“, се одржа од 29 до 31 јули во Велестово, Охрид. Станува збор за летен камп за регрутација на волонтери кои во иднина ќе помагаат во хуманитарните пунктови и во активностите на Црвениот крст.
Со организација на ваков летен камп се зајакнаа способностите и капацитетите на младите волонтери, кои напорно работеа и ќе работат за доброто на општеството. Тие се стекнаа со нови вештини, но ги надополнија и веќе стекнатите, а главниот акцент беше на комуникацијата и тимското работење, со цел полесно остварување на целите на Црвениот крст, велат организаторите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.