Македонија

Животот на граѓаните во јули поскапел за 7.332 денари

09 Aug 2022

На едно четиричлено семество кое не поседува возило, во јули му биле потребни 47.042 денари да ги покрие минималните животни потреби, пресмета Сојузот на синдикатите (ССМ). 

Пресметките на синдикатот говорат дека животот на граѓаните во однос на јуни минатиот месец поскапел за 7.332 сенари.

Близу половина од парите (17.843 денари)  биле потребни за исхрана и пијалоци,  потоа за домување и превоз, а најмалку за здравје вкупно 784 денари или 1 отсто.

Според Синдикатот, оваа сума не е доволна ниту за семејства каде има двајца вработени кои имаат примања од една просечна и една минимална плата.

Истовремено, имајќи предвид дека инфлацијата од 16 проценти ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата сега има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денари со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин, соопштија од ССМ. 

Според нив, владините политики за само пет месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари повторно ја вратиле нејзината вредност на нивото пред март годинава, односно со една минимална плата работниците да можат да купат само храна и пијалоци, колку што им биле потребни во јули (17.842,91 денар).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...