Македонија

Синдикалната минимална кошничка во јуни зголемена за 3.400 денари во однос на јануари

08 Jul 2022

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 39.710 денари и во однос на јануари се зголемени за 3.399 денари или за 9,49 проценти.

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), каде на месечно ниво ја прават синдикалната потрошувачка кошничка, информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5.498 денари или за 16 проценти.

Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е се поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население, оценуваат од ССМ.

Според анализата на ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените. Најголемо зголемување во јуни има кај храната и пијалаците.

ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2. 806 денари во нето на секој работник во јавен сектор, велат од ССМ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...