„Жито маркети“ продолжува со освежувањето и зголемувањето на соствената мрежа низ целата држава. Последен во низата реновирани маркети е продавницата лоцирана на улица Браќа Миладинови, број 22, во Виница.
Во последнава година го спроведуваме планот за реструктуирање и обнова на повеќе објекти од нашата мрежа низ целата држава. Целта ни е да држиме чекор со глобалните трендови во трговијата и индустријата за широка потошувачка и купувањето во нашите маркети да го направиме што е можно повеќе прилагодено на барањата на нашите ценети потрошувачи. Во согласност со ова, се структурираат и се уредуваат старите и се проектираат новотоворените маркети, но и тие објекти коишто ги планираме за отворање во следниот период, соопшти трговецот.
Асортиманот на реновираниот маркет е збогатен со различни категории производи по поволни цени, вклучително и сопствениот приватен бренд на Жито Маркети – “5ка”. Маркетот располага и со простор за свежо овошје и зеленчук, што секојдневно се надополнува, од добавувачот Фрутленд.
Продавницата е со вкупна површина од 250м2, со сопствен магацински простор, има две наплатни каси, со петнаесетина вработени. Работното време од понеделник до сабота е од 7 часот до 21 часот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.