Македонија

Нов изглед на Amstel

23 Jun 2022

„Пивара Скопје“ го промовираше новиот изглед на најпознатиот холандски бренд на пиво, Amstel.

Новата етикета во црвена боја го обединува она што е најпрепознатливо за брендот – долгата традиција на производство од далечната 1870 година, потеклото од Амстердам и пријателството како носечки елемент на пивото од неговото создавање до денес.

Новиот Amstel носи визуелно освежување но, го задржува добропознатиот, врвен вкус. Нашиот омилен Amstel, препознатливата горчина и богата арома на хмељ и остануваат комплетно непроменети, велат од „Пивара Скопје“.

Новото пакување е веќе достапно и го има во сите подобро снабдени маркети, како и кафулиња, кафеани и ресторани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...