Македонија

Масовна крводарителска акција во „Алкалоид“

14 Jun 2022

Со масовен настан за дарување крв по повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството, „Алкалоид“ ја продолжува петдецениската традиција со вработените во компанијата.

Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“, 130 вработени изразиле волја да даруваат крв во рамките на колективната акција, која се одржа во Центарот за едукација и за обуки на „Алкалоид“, во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина. Компанијата е особено горда на своите традиционални крводарители, кои реализирале повеќекратни крводарувања.

Крводарителството е доброволна акција, која некому значи живот. Со само една дарувана кеса крв од 450 мл, постапка што трае десетина минути, може да се спасат 3 до 4 човечки животи. Јас сум крводарител од 18 години и имам дарувано повеќе од 50 пати, истакна Роберт Новески, вработен во „Алкалоид“.

За време на крводарителската акција Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на УО, упати благодарност до сите генерации алкалоидовци, кои преку овој голем чин на хуманоста оставиле траен придонес во развојот на македонското крводарителство.

Во насока на поголема афирмација на доброволното крводарителство и во знак на изразување почит и благодарност кон големиот број крводарители, „Алкалоид“ креира посебен визуелен идентитет – лого на Друштвото на крводарители.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...