Македонија

Јавен повик за поддршка на дигитализацијата во компаниите

08 Jun 2022

Комисијата за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите како заедничо работно тело на Стопанската комора на Северна Македонија, Владата на РС Македонија и швајцарската интеркооперација „Хелветас“ со подружница во Скопје, распишаа Јавен повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите.

Како што се наведува во соопштението на Стопанската комора на Северна Македонија, со финансиската поддршка за одреден процент во имплементацијата на современи дигитални решенија – САП во македонските компании, се гради концепт на „Интелигентно претпријатие“ (Intelligent Enterprise). Со решенија што ги следат најновите трендови на компаниите од сите дејности, трите партнери ќе дадат активен придонес и силно ќе се влијаат врз продуктивноста, зголемувањето на ефикасноста, вработувањата и ефективноста во бизнисот.

Содржината на Јавниот повик и потребната документација е тука.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...