Македонија

Грантови од по 10.000 евра за 61 семејна винарија

09 May 2022

Шеесет и една семејна винарија ќе добијат грантови од по до 10 илјади евра, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски на манифестацијата ,,Ден на станушината” во Кавадарци. Тој информираше дека сигнале 63 апликации, а интересот бил голем. Комисијата оценила дека 61 апликација се соодветни и комплетни.

Иако на почетокот на годината имавме само пет милиони денари на оваа ставка или пет милиони денари како дел од оваа програма, кога го видовме интересот, ние бевме должни да обезбедиме дополнителни средства за да го завршиме успешно овој прв проект на поддршка, историска на малите винарии. Затоа како Министерството, со поддршка на МФ, направивме пренамена и обезбедивме дополнителни 30 милиони денари. Министерството во следните 14 дена ќе склучи договор и во следните 14 дена  овие средства ќе бидат исплатени, изјави Николовски. 

Вкупно 34 милиони и 500 илјади денари ќе бидат исплатени во следните две недели.

Манифестацијата ,,Ден на станушината”, автохтона македонска сорта на грозје ја организираат „Тиквешки семејни винарии” со поддршка на кавадаречката локална самоуправа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...