Македонија

Viognier Bela Voda – новo вино од Tikves Chateaux & Domaines

05 May 2022

Винарската визба „Тиквеш“ го збогатува своето портфолио со уште еден новитет во рамки на платформата Tikves Chateaux & Domaines. Овој пат станува збор за белото вино Viognier Bela Voda, произведено од грозје одгледано на истоимениот локалитет. Воведувањето на ова вино е дел од долгорочната развојна стратегија на „Тиквеш“, со која им се овозможува на потрошувачите поголем избор на премиум вина кои ги носат спецификите на микролокацијата од која потекнуваат.

Локацијата од каде доаѓа грозјето виоње е под влијание на континентално - медитеранската клима и е во непосредна близина на реките Вардар и Бабуна. Вулканската почва богата со минерали, влијанието на воздушните струења и североисточната ориентација на лозјето, влијаат да се зголеми интензитетот на аромите и вкусовите во виното. Специјалните агротехнички мерки што се применуваат во текот на одгледување на грозјето, рачната берба и најсовремената технологија за производство на вино, овозможуваат уникатните карактеристики на сортата виоње, идеално да се пресликаат во новото премиум вино Viognier Bela Voda, соопштија од винарската визба „Тиквеш“. 

Viognier Bela Voda има средно интензивна златна боја со зеленкаста рефлексија и нуди раскош на цветни ароми на медитеранско цвеќе, надополнети со овошни ароми на зрели агруми, кајсија и лозарска праска. Се впарува со морска храна и полесно месо. Ова ароматично вино со свиленкаста текстура, извонредна питкост и свежина за претстојниот топол период.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...