На 6 мај ќе се одржи втората интернационална конференција за контролинг, на тема „Извршно известување и комуникациски вештини во контролингот“. Конференцијата ќе биде онлајн, од 9 до 17 часот, во организација на „Контролинг бизнис центар“. Пријава и информации на: mitka@controlling.mk ; контакт: 389 71 334 845.
Инспирацијата доаѓа од потребата на менаџментот да добие јасни и транспарантни извештаи во насока на детектирање на силните и слабите страни на организацијата. Ефективната комуникација со сите консументи на извештаите во компаниите е двонасочен процес и од таа причина испраќачот на извештајот мора да испрати јасна порака до примачот, воедно да знае дека пораката е испратена и примена.
Како професионалци во својата област, секојдневно се сретнуваме со некаков тип на извештаи (Management reports), кои може да бидат во различен облик од Power Point, Excel табели или графикони, дијаграми, извештај во пишана форма или email и истите ги презентираме на менаџментот. Од таа причина се поставуваат следните прашања:
Дали сме задоволни со квалитетот на извештаите кои ги изработуваме?
Дали менаџерите се задоволни со квалитетот на извештаите кои ги добиваат?
Дали сакаме да го импресионираме менаџментот со ефективни извештаи кои се јасни и визуелно ќе им се допаднат?
Дали е возможно брзо, јасно и ефективно да се направи извештај кој ќе го воодушеви менаџментот?
Веројатно сте добивале извештаи со 100 slide Power Point каде постојат најразлични типови на графикони и 3D pie chart во повеќе бои или можеби сте анализирале месечен извештај кој има 50 страни, а на секоја страна има по една XLS табела со 20 редови и 50 колони.
Дали сте добивале извештај кој нема јасна порака и feedback од примачот?
Дали сме свесни за нашите деловни комуникациски вештини?
ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ?
Очекувајте извонреден настан од областа на контролинг, на кој ќе присуствуваат извонредни предавачи од Германија,
Полска, Словенија, Хрватска, Македонија и Србија, кои ќе пренесат практични примери од својата област на работење.
Ќе бидат обработени различни теми со конкретни примери и ќе се обидеме да решиме многу дилеми, сомнежи, прашања и грижи, кои се поврзани со секојдневното комуницирање во и надвор од компаниите.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА КОНФЕРЕНЦИЈАТА?
Конференцијата е наменета за сите сопственици на бизнис, контролери на сите нивоа на менаџмент, менаџери на сите организациски нивоа, сопственици на деловни процеси, аналитичари, стручњаци за ИТ што работат на деловни решенија за поддршка на контролинг и известување (BI, DW, планирање), финансиски и сметководни менаџери, и сите други што сметаат дека треба да го применат новиот начин на управување на компаниите со кој ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста.
ДЕТАЛИ ЗА КОНФЕРЕНЦИЈАТА:
• Котизација за настанот: 80 ЕУР ( 4.200 ден); за членови на ICV и слушатели на Академијата за контролинг, цената е 50 ЕУР (3.150 ден); за студенти и за невработени цената е 40 ЕУР (2.420 ден.). Краен рок на пријава е 4.05.2022;
• Пристап до конференцијата ќе имаат сите тие што се регистрирале и извршиле уплата до наведениот рок. Секој учесник добива поединечен линк за поврзување;
• Комуникација ќе се изведува на англиски, хрватски, српски и македонски јазик;
• Конференцијата ќе биде отворена 30 минути пред нејзиниот почеток;
• Презентациите од настанот ќе им бидат доставени на сите учесници, по завршување на конференцијата;
• Нема да биде дозволено снимање на настанот;
• Секој учесник ќе може да комуницира со говорниците преку пишана комуникација (via chat) и одговорот ќе го добие на истиот начин;
И оваа година повторно ќе биде објавен конкурс за избор на НАЈДОБАР ПРОЕКТ ЗА КОНТРОЛИНГ 2022 ГОДИНА. За наградата може да се пријават поединечни контролери од различни дејности од секторот за контролинг, кои во последните 12 месеци до рокот за пријавување за наградата успешно го завршиле проектот од областа на контролингот, односно постигнале најголемо достигнување во насока на зголемување на ефикасноста и на ефективноста на организацијата. Проектите ќе бидат вреднувани од страна на надворешни и стручни лица од областа на контролинг.
НАГРАДА
Вредноста на главната награда во износ од 950 ЕУР (58.520 ден.) ќе биде доделена на следната конференција за контролинг во 2023 година, која вклучува:
• Академија за контролинг во организација на Контролинг бизнис центар по програма на Controller Academy од Минхен
• Литература: книга од областа на контролингот
• Признание: плакета за НАЈДОБАР ПРОЕКТ ЗА КОНТРОЛИНГ ЗА 2022 ГОДИНА.
Сите други пријави што ќе бидат оценети со повеќе од 50% проценти од бодовите, ќе добијат подарок од „Контролинг бизнис центар“ во знак на препознавање на вредностите, трудот и на проактивноста со цел зголемување на афирмацијата и примена на филозофијата на контролингот во деловната практика.
Покрај биографијата на кандидатот, во апликацијата треба да се содржани следниве податоци:
• Почетна состојба
• Ново достигнување
• Одржливост на решението во периодот кој следи
• Активности на контролерот и неговиот придонес во спроведувањето
• Иновативност или специфичност на спроведеното решение
• Влијанието на решението врз организацијата, процесите и инструментите на системот за контролинг
• Влијанието на спроведеното решение на деловните резултати.
Проектот треба да биде фокусиран само по зададените инструкции и не треба да надминува 10 страници во А4 формат.
Пријавите треба да се достават на следнава адреса: mitka@controlling.mk со наслов: Пријава за НАЈДОБАР ПРОЕКТ ЗА КОНТРОЛИНГ ЗА 2022 ГОДИНА.
Се вчитува следна вест...