Македонија

Денеска ќе се одржи македонско - австриски бизнис форум

30 Mar 2022

Стопанската комора во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје на заедничка иницијатива денеска организираат македонско - австриски бизнис-форум.

Основната цел на бизнис - форумот, како што информираа од Комората, е да се поттикне заедничката соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции и компании, од областа на патната и железничката инфраструктура, со можност за видливи, применливи и практични решенија.

Со цел интензивирање на економската соработка меѓу Македонија и Австрија, на Форумот свое обраќање ќе имаат претставници од државните институции, кои ќе ги презентираат актуелните и идни проекти од патната и од железничката инфраструктура. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...