Македонија

Почина Виктор Павлов, косопственик на „Чеза комерц“

09 Mar 2022

Во понеделникот (7 март) почина Виктор Павлов, косопственик на „Чеза комерц“ и долгогодишен соработник на InStore – Македонија.

Погребот беше денеска (9 март) на Градските гробишта „Бутел“.

Секој човек ја има привилегијата да сонува, но остварувањето на сопствените сништа значи силна верба и победа во моментите кога и најупорниот се откажува, напиша Павлов како гостин-воведничар во InStore.

Семејната компанија „Чеза комерц“ е основана во 1986 година. Компанијата денес се занимава со трговија со зрнести плодови, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми, суровински материјали..., а најпозната е по сопствените брендови Nutini и Kibela.

InStore – Македонија изразува сочувство до семејството на Виктор Павлов.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...