Денеска (7 март) „Киппер“ отвори нов маркет во Велес, на улицата ул. 8 Септември, бр. 61/1 (градски центар, поранешен ресторан „Глориус“, зад Комерцијална банка).
Ова е 83. маркет во малопродажната мрежа на „Киппер“.
Вкупната површина на новиот „Киппер“ изнесува 600 квадратни метри, од кои 500 се продажен простор, а 100 квадрати се користат како магацин. Во маркетот има две наплатни каси, а за услугата се грижи тим од 7 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.500 артикли.
Од „Киппер“ за InStore откриваат дека овој месец е во план да се отворат уште два нови продажни објекти – еден во Скопје и уште еден во Велес.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.