Македонија

Четири златни медали и една специјална награда за вината на „Тиквеш Шату & Домен“

03 Mar 2022

Вината на „Тиквеш Шату & Домен“ добија уште една важна потврда на својот исклучителен квалитет на еден од најпрестижните и најголеми вински натпревари во светот – „Мундус вини“ 2022, освојувајќи четири златни медали и едно специјално признание, соопштија од винарската визба.

На пролетното издание на овој врвен меѓународен вински натпревар златни медали освоија Sauvignon Blanc Barovo 2021, Barovo red 2019, Domaine Lepovo Pinot Noir 2019 и Terrasse a L’Ombre 2019, при што ова исклучително вино од француската винарница на „Тиквеш“ – Château de Gourdon, беше оценето и како „Најдобро од долината на Рона“, еден од најпознатите вински региони во Франција, во кој е лоцирана винарницата. Виното Sauvignon Blanc Barovo 2021 доби значајно признание, какво што е златниот медал на „Мундус вини“, уште во првата година по неговото создавање и лансирање на пазарот.

Значењето на овие признанија за вината на „Тиквеш Шату & Домен“ е дотолку поголемо што се добиени во конкуренција на илјадници вина од десетици земји во светот. Вината се оценувани од меѓународно жири составено од врвни енолози и сомелиери, признати трговци на мало со исклучително знаење на виното, вински новинари и научници од целиот свет. Оценувањето на вината се одвива „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на виното кое го дегустира, се вели во соопштението. 

Во последниве години вината на „Тиквеш“ и „Тиквеш Шату & Домен““ годишно освојуваат над 100 награди и признанија на меѓународни вински натпревари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...