„Атлантик група“ финансира собирање на 1.140 тони амбалажен отпад кој беше испратен на рециклирање преку системот за рециклирање на „Пакомак“.
Овие две компании имаат многу различни одговорности и делуваат во различни индустрии, но нивната општествено - еколошка цел се базира на идентички вредности – обезбедување на здрава и чиста животна средина преку воспоставување на долгорочна, еколошка стратегија, соопштија од „Атлантик група“.
„Атлантик група“ е една од најголемите FMCG компании во регионот која има свој производен погон во нашата земја. Во изминатите години таа воспостави успешна соработка со компанијата за управување со отпад „Пакомак“ и и на тој начин обезбедува дека отпадот од производство и од пакување завршува на вистинското место – онаму каде што секој реупотреблив материјал ќе се преработи и употреби како дел од нов предмет или амбалажа. Само за споредба: рециклирање на еден тон хартиен отпад е еднакво на зачувување на 17 дрвја, а рециклирање на еден тон пластика резултира во зачувување на 5,774 Kwh енергија, доволна за да се напојува со енергија едно просечно домаќинство речиси 9 месеци.
Заложбата кон рециклирање на употребените материјали и амбалажниот отпад значи и заштеда на големи количества енергија и средства потребни за да се произведат овие материјали, а преку пренамена и реупотреба на материјалите се поттикнува одржливоста на „Атлантик група“. Ваквите еколошки пракси се применуваат на ниво на целата групација и претставуваат дел од политиката на компанијата.
Собраниот амбалажен отпад финансиран од „Атлантик група“ претставува околу 4% од вкупниот собран амбалажен отпад на територијата на државата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.