Македонија

Македонија и Бугарија ќе ги штитат инвеститорите

02 Feb 2022

Македонија и Бугарија се договориле од највисоко политичко ниво да ги штитат инвеститорите од двете земји од дискриминација. Ова како идеја произлегло од привиот состанок работна група за економија, трговија и иновации, за чија цел ќе биде создаден механизам за транспарентност.

Македонскиот министер за финансии, Фатмир Бесими, и бугарскиот за иновации и раст, Даниел Лорел, кои ко-претседаваа со состанокот информираа дека механизмот се прави превентивно, бидејќи во моментов не знаат дали постојат случаи на дискриминација на инвеститорите.

Да илустрирам како би требало, како би сакал да работи овој механизам. Ако некоја бугарска компанија сака да инвестира во Северна Македонија, а некоја локална власт го коќи издавањето дозвола за градба, тоа веднаш ќе се сигнализира до македонските власти и автоматски стига и до нас, за потоа да го решаваме од најголема итност, изјави Лорел. 

Сепак ниту Бесими, ниту Лорел, не дадоа повеќе детали за тоа по кој модел, кому точно или на кој начин ќе функционира механизмот за алармирање доколку некој инвеститор се почуствува дискриминиран од локалните или од централните институции од двете страни на границата.

Произлезе идеја да се развие овој механизам, да има механизам за транспарентност, да нема евентуална дискриминација, на највисоко политичко ниво ќе се информира ако некој инвеститор има проблем во однос на бирократијата и постапките, рече Бесими.  

Двајцата министри чија работна група е прва од четирите формирани меѓу двете земји која седна на заедничка маса да ги утврдува и реализира програмите и проектите од заеднички интерес, информираа дека до следната средба идниот месец ќе фокусираат на соработката на двете банки за развој, соработка на инвестициските фондови, како и на Агенциите за помош на претриемништвото, но и на хармонизациија на економската регулатива и на програмите во земјоделството. 

Идната недела предвиден е состанок на работната група за инфраструктура, транспорт и поврзување, на која домаќин ќе биде бугарската страна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...