Македонија

ССМ: Недела ден на неделен одмор е реалност и согласно со Уставот

18 Jan 2022

Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на вонредна седница  расправаше за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од  страна на Стопанската комора на Македонија со која се оспоруваат измените на Законот за работни односи со кои се уредува работата во недела.

Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на „газдите“ да не им се допаѓа, а не им се допаѓа поради тоа што ги полнеа џебовите на грбот на работниците кои им работеа без да ги плаќаат. ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа.“, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор“, а „Од овие права вработените не можат да се откажат“ и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори, соопштија од ССМ по седницата на претседателството.

Оттаму велат дека правото, ден на неделен одмор да биде недела е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи Сл.Весник бр.288 од 21 декември 2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата Сл.Весник бр.295 од 27 декември 2021 година што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот оти секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат.

Милиони денари на работниците ( кои работеле во недела без никакви ограничувања, а не биле плаќани за тоа) завршувале во џебовите на газдите се причината за иницијативата поднесена од нивна страна до Уставниот суд. Пример само за 8 отсто од работниците  кои согласно Законот за работните односи и Законот за теговија би работеле во денот недела согласно податоците на ДЗС –АРС за Третиот квартал 2021 година, бројот на вработени изнесува 796 671 лица , 63 734 лица  се вработени. Доколку сите 63.734 работници, односно 8 отсто, работат во ден недела, дневницата за работа во недела на минималната плата од 15 194,00денари ќе им изнесува 1.140,00 ден. (760,00 + 50 отсто),ќе треба да им исплатат вкупно 72 656 760,00 ден на работниците, односно ако ги работат сите четири недели во месецот, работодавачите треба да им исплатат 290.627.040,00 денари на работниците. Доколку работниците примаат просечна плата од 29.145,00 ден. дневницата изнесува 2.186,00 ден. (1457,00 +50%) треба да им се исплати 139.322.524,00 денари, односно ако ги работат сите четири недели во месецот треба да им се исплати 557.290.096,00 ден. Во пресметките не се вклучени придонесите кои треба да се уплатат на државата. Прашуваме, како ако досега овие средства останувале во џебот на овие исти газди кои поведуваат иницијатива поради тоа што работниците им работеа во недела без додаток на плата, тие се на работ на егзистенцијата, а не е работникот, истакнуваат од ССМ.

Потенцираат дека излезот од оваа ситуација ќе биде излегување на работниците со синдикатите на  улица и блокирање преку штрајкови и протести. 

Уставниот суд вчера објави дека Стопанската комора на Северна Македонија ги оспорила пред судот законските одредби за прогласување на недела за неработен ден, бидејќи сметаат дека е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...