Македонија

Стопанската комора ја оспори „недела - неработен ден“ пред Уставен суд

18 јан 2022

Стопанската комора ги оспорила пред Уставен суд законските одредби со кои неделата беше прогласена за неработен ден. Како што соопштија од Уставен, Стопанската комора ги оспорила измените и дополнувањата во Законот за работни односи како спротивни на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.

Според тие измени повеќе од 90 отсто од работно ангажираното население во државата доби законска можност за користењето на неделата како ден за одмор.

Од Комората поднеле преставка и за измените во Законот за трговија. Се оспоруваат одредби кои се однесуваат на работното време, инспекцискиот надзор и прекршочни санкции. Според подносителот оспорените одредби биле во спротивност со слободата на пазарот и претприемништвото, владеењето на правото и начелото на еднаквост од Уставот, се вели во известувањето од Уставниот суд

Законските измени со кои неделата беше прогласена за неработен ден стапија на сила на 1 јануари годинава.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...