„Жито Лукс“ донираше 750 килограми брашно во СОС Детско село и даруваше новогодишни пакетчиња за децата.
Донацијата е според потребите на СОС Детско село и ќе биде распределена во сите семејства од организацијата каде се згрижени децата. На овој начин компанијата одбележа 75 години од своето постоење.
Со оваа донација, компанијата продолжува со имплементирање на својата општествено одговорна стратегија која е насочена, пред сѐ, кон социјалните категории и децата.
Горди сме што цели 75 години сме дел од секојдневието на граѓаните. Создаваме висококвалитетни и разновидни производи, но исто градиме и вредности кои ги пренесуваме со нашата улога во општеството и преку нашата општествена одговорност. Дел од тој ангажиран однос е и донацијата во СОС Детско село, со која веруваме дека ќе помогнеме за подобра снабденост на семејствата, но и за поттикнување на поголема свесност за потребите на социјалните и згрижувачки организации, истакнуваат од „Жито Лукс“ по повод донацијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.