Вчера (20 декември) хард-дисконтерот „Киппер“ отвори два нови маркета – по еден во Радовиш и во Куманово.
Маркетот во Радовиш, кој е лоциран на булеварот Александар Македонски, бр. 14 (Д Клуб), е 76. продажен објект на „Киппер“ и прв во овој град. Вкупно се протега на 830 квадратни метри, од кои 630 се продажен простор, а преостанатите се користат како магацин. Во него има 3 наплатни каси и 8 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.600 артикли.
Новиот 77. маркет во малопродажната мрежа на „Киппер“ се наоѓа во Куманово, на улицата Железничка, бр. 77, на вкупна површина од 450 квадратни метри (390+60). За услугата се задолжени 9 вработени. Асортиманот се состои од речиси 1.600 артикли, а потрошувачите се услужуваат на 2 наплатни каси.
Следните маркети ги отвораме наскоро во с.Брвеница, Тетово, Скопје и во Струга, изјавија за InStore од „Киппер“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.